недела, 7 декември 2025

Хрка: Ако е Вучиќ спремен да разговара, ќе дојде тука да разговараме пред луѓето и медиумите

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка кој почина при падот на стреата на железничката станица во Нови Сад, денес му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, ако е подготвен, треба да дојде таму каде што таа штрајкува со глад и да разговара со неа пред сите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведе, не размислува за тоа кој бил мотивот на Вучиќ да ѝ се јави по една година.

„Тој нека размислува за тоа, тој е претседател, тој се меша во сè. Ако господинот претседател е подготвен да разговара и ако мисли дека сака да разговара, ќе дојде тука да разговара пред сите луѓе, пред сите медиуми. Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, а не мој. Тој ги собра луѓето што ги плаќа и продолжува да ги плаќа тука. Тие се мафијаши, тие се криминалци. И тој е повреден, јас не сум повредена?“, кажа Хрка.

Таа наведе и дека ќе го праша претседателот на Србија „зошто се плаши од својот народ, а не се плаши да излезе меѓу затворениците“.

Истакна и дека Вучиќ не ѝ се јавил директно, туку преку медиумите, „и тоа повторно – преку неговите медиуми“.

„Тој кажа една реченица која ми ги распара ушите. Не сум факултетски образувана, но можам да видам што бара и што кажа. Можам да судам. Кажа „ме навреди, но ќе ѝ простам“! Го прашувам претседателот – нè навредува сите веќе една година, се закани дека ќе нè уништи низ целиот свет, дали треба да му простам за она што го кажа за саботата – „се игра ли некаков натпревар“, дека се возел со воз и рекол дека му недостигаат Тома и Весиќ – што треба да кажам на тоа? Јас треба да бидам навредена или тој? Јас нему нема да му простам“, кажа Хрка, пренесе Н1.

Дијана Хрка веќе осми ден штрајкува со глад во близина на Собранието на Србија, престојувајќи во шатор на улица и спиејќи на палети, бидејќи првично не ѝ дозволија да се приближи до Домот на Народното собрание каде што планираше да штрајкува. Просторот пред Домот на Народното собрание е обезбедуван од полиција, а на самото плато со денови се собираат поддржувачите на Српската напредна партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ