сабота, 12 јули 2025

Холанѓани го тужат Букинг: „Со години ги пумпаат цените на сместувањето“

Холандските здруженија за заштита на потрошувачите објавија дека имаат намера да поднесат тужба против дигиталната платформа за резервации на сместување Букинг, тврдејќи дека ги „пумпа“ цените на хотелскиот сместување од 2013 година. Фондацијата за потреби на потрошувачите (ВВВ) и Здружението на потрошувачи денес ги поканија граѓаните кои претрпеле штета поради практиките на Букинг да им се придружат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Букинг со години наплаќа превисоки цени за хотелски соби, што предизвика штета од „неколку стотици милиони евра“ на холандските потрошувачи, според здруженијата. „Нашата истрага покажа дека Букинг ги крши законите за конкуренција и заштита на потрошувачите од јануари 2013 година“, кажа претседателот на ЦЦЦ, Берт Хајкенс.

„Секогаш сме се залагале за најдобри можни цени и транспарентно искуство со резервациите за патниците и силно ги отфрламе сите спротивни обвинувања. Моментално ја разгледуваме содржината на овие обвинувања и ќе одговориме соодветно. Ги отстранивме клаузулите за паритет на цените низ цела Европа, но веруваме дека досега тие им помогнале на патниците да имаат пристап до одлични цени насекаде“, соопшти Букинг.

Во договорите со онлајн платформите за резервација на сместување, хотелите честопати се обврзуваат да не нудат пониски цени на сопствените веб-страници и на конкурентските платформи, прифаќајќи го принципот на паритет на цените.

Европското право за дигитални пазари им забранува на големите интернет платформи договорни одредби за ценовен „паритет“, а Судот на ЕУ во септември минатата година истакна дека Букинг потенцијално ја ограничува конкуренцијата со договорно одредување на прагот на цените за хотелско сместување.

Паритетот на цените исто така не е од суштинско значење за економската одржливост на Букинг, предупредија судиите, но тоа не претставува прекршување на прописите за конкуренција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ