Со овој необврзувачки совет, Холандија го следи примерот на другите земји.
Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години во Франција „во рок од неколку месеци“, ако тоа не се случи низ на цело европско ниво.
Австралија и Нов Зеланд се залагаат за забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, како и Шпанија.
„Интензивната употреба на екрани и социјални мрежи може да биде штетна за (менталното) здравје и развојот на децата“, објави холандското министерство за здравство, социјална помош и спорт.
„Размислете за нарушувањата на спиењето, нападите на паника, депресивните симптоми, намалената концентрација и негативната слика за себе“, се додава во соопштението.
Министерството прави разлика помеѓу употребата на паметни телефони, апликации за пораки (како што се Ватсапи Сигнал) и социјални мрежи како што се Тикток или Инстаграм.
Владата препорачува паметните телефони да не се дозволени пред еквивалентот на петто одделение во Холандија, односно на возраст од 11 или 12 години. Од тогаш, се проценува дека апликациите за пораки треба да се дозволат, но социјалните мрежи не пред 15-годишна возраст.
„Пристапот чекор-по-чекор е ефикасен. Прво научете да комуницирате преку СМС-пораки, а потоа запознајте се со социјалните мрежи“, соопшти владата.
Министерството, исто така, издаде упатства за времето поминато пред екран – ништо до двегодишна возраст, а не повеќе од три часа за деца над 12 години.
Сепак, здравата употреба на екранот не се однесува само на ограничување на времето поминато пред екранот, изјави владата, додавајќи дека треба да се најде рамнотежа со другите активности.
Неколку земји од Европската Унија, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Грција, неодамна го повикаа Брисел дополнително да го регулира користењето на онлајн платформите за деца, поради загриженоста за нивната зависност, како и опасностите од сајбер малтретирање и ширењето на говор на омраза.