вторник, 16 декември 2025

Холандски разузнавачи: Русија нашироко користи хемиско оружје во Украина

Холандските разузнавачки агенции собрале докази за широка руска употреба на забрането хемиско оружје во Украина, меѓу другото и фрлање агенс за задушување од беспилотни летала врз рововите, изјави денеска холандскиот министер за одбрана и шеф на воената разузнавачка агенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Рубен Брекелманс повика на построги санкции кон Москва. „Главниот заклучок е дека можеме да потврдиме дека Русија ја интензивира употребата на хемиско оружје“, рече Брекелманс.

„Ова интензивирање е загрижувачко бидејќи е дел од трендот што го гледаме веќе неколку години, дека употребата на хемиско оружје од страна на Русија во оваа војна станува нормализирана, стандардизирана и широко распространета.“

Холандските разузнавачи откриле наводна употреба на хлоропикрин, забранет агенс што првпат го користела Германија за време на Првата светска војна. Шефот на холандската воена разузнавачка агенција (МИДВ), Питер Рисинк, рече дека откритието се базира на нивна независна истрага.

Русија отфрла сè

Минатиот мај САД исто така ја обвинија Русија за употреба на хлоропикрин, а Украина тврди дека непријателската армија го користела забранетото хемиско оружје неколку илјади пати. Русија го негира ова, а портпаролката на нејзиното министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во средата тврдеше дека руските служби откриле складиште со експлозиви хлоропикрин на истокот од земјата.

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), агенција со седиште во Хаг со 193 членки, минатата година објави дека првичните обвинувања на двете страни не биле доволно поткрепени. Од ОПЦВ сè уште не е побарано да спроведе истрага, а барањето мора да дојде од една од земјите-членки.

Брекелманс тврди дека најмалку три смртни случаи на украински лица се поврзани со употреба на хемиско оружје и дека повеќе од 2.500 повредени на бојното поле пријавиле симптоми слични на труење со хемиско оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ