недела, 8 јуни 2025

Холандија ги испорача последните 24 авиони Ф-16 на Украина

Министерството за одбрана на Холандија објави дека последните 24 борбени авиони Ф-16 се испорачани во Украина, со што е завршена холандската испорака на овој вид воена помош.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Последните холандски авиони Ф-16 наменети за Украина ја напуштија воздухопловната база Волкел на југот на Холандија во понеделникот и се упатија кон Белгија, каде што ќе бидат технички подготвени за конечна испорака.

На испраќањето на авионите присуствуваше и претставникот на холандското Министерство за одбрана, Рубен Брекелманс.

„Ф-16 се од клучно значење за Украина поради секојдневните руски воздушни напади. Тие ни овозможуваат да ја држиме руската агресија подалеку од нас“, рече Брекелманс.

Покрај испораката на авионите, Холандија помага во одржувањето на нивната борбена готовност и учествува во организирањето на обука за пилоти во Европскиот центар за обука (ЕФТЦ) во Романија.

Украина ја прими првата пратка холандски авиони Ф-16 во октомври 2024 година, а втората во февруари 2025 година. Претседателот Володимир Зеленски во март објави дека пристигнала уште една пратка од Холандија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ