четврток, 26 февруари 2026

Хилари Клинтон: Никогаш не сум летала со авионот на Епстин ниту сум го посетила неговиот остров

Хилари Клинтон денес пред комитет на американскиот Конгрес изјави дека не се сеќава дека некогаш се сретнала со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин и дека нема информации да сподели за неговите криминални активности.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со господин Епстин. Никогаш не сум летала со неговиот авион, ниту сум ги посетила неговите острови, домови или канцеларии. Немам што да додадам на тоа“, кажа 78-годишната Клинтон во изјава до Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот демократски претседател Бил Клинтон (79), првично одбија да сведочат пред комитетот, но попуштија кога пратениците поднесоа барање за непочитување на постапката на Конгресот.

Бил Клинтон треба да сведочи пред комитетот утре. Пред сослушувањето, претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом Џејмс Комер од Кентаки, републиканец, негираше дека истрагата е партиски напад врз претседателската ривалка на Трамп во 2016 година, истакнувајќи дека неколку демократи исто така се залагале за сведочење на Клинтонови.

Тој додаде дека комисијата ќе се обиде да дознае повеќе за каков било контакт што можеби го имала со Епстин, неговата вмешаност во хуманитарната работа на Клинтонови и каков било однос кој можеби го имала со затворената соработничка на Епстин, Гислејн Максвел.

Името и слики на Бил Клинтон се појавуваат во документи поврзани со истрагата за Епстин. Сепак, самото споменување не значи ништо. Поранешниот американски претседател постојано негира каква било незаконитост во врска со неговото познанство со Епстин, објави ДПА.

Епстин со години управувал со синџир на злоупотреба во кој десетици млади жени и малолетнички биле жртви. Финансиерот од Њујорк имал одлични врски во американското високо општество. Тој почина во својата затворска ќелија во 2019 година, пред да биде осуден, според официјалната верзија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ