понеделник, 9 март 2026

Хезболах уби двајца израелски војници

Двајца војници на Израелските одбранбени сили загинаа утрово во напад на Хезболах на југот на Либан, соопшти израелската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден од загинатите е наредник од прва класа Махер Хатар (38), оператор на тешка механизација во инженериската единица на борбениот состав на 91-та регионална дивизија „Галилеја“, од Маџдал Шамс.

Името на вториот загинат војник ќе биде објавено подоцна, соопшти војската. Инцидентот се случил во близина на воена позиција на југот на Либан, наспроти израелската погранична населба Манара.

Според прелиминарната истрага на израелската војска, инцидентот почнал кога оклопен транспортер „пума“ се заглавил за време на операции во областа. Израелската војска потоа испратила уште еден транспортер „пума“ и два оклопни булдожери „Д9“ за да го извлечат.

Еден од булдожерите „Д9“ бил погоден со проектил, најверојатно противтенковски проектил или минофрлачка граната, што предизвикало пожар во кој загинале двајцата војници, се наведува во истрагата на израелската војска. Во инцидентот полесно бил повреден и еден офицер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ