петок, 26 декември 2025

Хезболах именува нов лидер

Наим Касем е избран за нов лидер на хезболах, откако Хасан Насралах беше убиен во израелски напад на Бејрут на 27 септември, објави либанската паравоена група.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението хезболах наведе дека Касем е избран поради неговата „приврзаност кон принципите и целите на Хезболах“, пренесува Ал џезира.

„Советот Шура на Хезболах се сложи да го избере шеикот Наим Касем за генерален секретар на Хезболах, да го носи благословениот бајрак на ова патување, барајќи од Бога да го води на оваа благородна мисија на предводење на Хезболах и неговиот исламски отпор“, се наведува во соопштението.

Касем претходно бил заменик на генералниот секретар на Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ