Херш е легендарен истражувачки новинар кој првпат стекна слава разоткривајќи ги воените злосторства на Соединетите Американски Држави во Виетнам. Заклучокот за Иран го базира на информации што ги добил од израелски инсајдери и американски функционери на кои на кои им верувал со децении.
„Ќе има жестоко американско бомбардирање“, пишува Херш на порталот Сабтек.
САД ќе ги таргетираат иранските воени и нуклеарни објекти, особено Фордо, каде што центрифугите за збогатување на ураниум се наоѓаат длабоко под земја, вели тој.
Заедно со нуклеарната програма, американското бомбардирање ќе има за цел дестабилизација на владата во Техеран. САД и Израел планираат напад врз воени бази, полициски станици и владини згради за да предизвикаат внатрешен бунт.
Еден од соговорниците на Херш во Вашингтон тврди дека „сè ќе биде под контрола“ ако ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран, „замине“.
Херш не знае како САД и Израел планираат да го направат ова, бидејќи „не сум видел многу практично размислување за тоа како да се отстрани саканиот верски водач“.
Додека некои во Вашингтон веруваат дека замената на Хамнеи со некој „поумерен“ би била доволна, Израел инсистира на целосно соборување на исламската револуционерна влада, вели Херш. Во меѓувреме, разузнавачките агенции се надеваат дека ќе ги искористат етничките малцинства во Иран за да го разгорат пламенот на незадоволството. Тие веруваат дека етничките Азербејџанци, кои имаат контакти со ЦИА, би можеле да придонесат за ова.
Херш го опишува планот како сличен на западните интервенции во Сирија и Либија и предупредува дека сличен хаос може да настане и во Иран.
Зад целата операција стојат стратегиските цели на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и желбата на Трамп да постигне некаква голема геополитичка победа.
„Најважното прашање што останува неодговорено е како ќе реагира светот, вклучително и Владимир Путин, претседателот на Русија, кој е сојузник на иранскиот лидер“, заклучува Херш.
Кратко по објавувањето на неговиот текст, Трамп објави рок од две недели за продолжување на преговорите со Иран. Во меѓувреме, американските медиуми објавуваат дека Израел ќе остане без противвоздушни ракети за најмногу 12 дена.