понеделник, 14 јули 2025

Хеликоптер се урна во предградие на Атина, сите четворица патници и пилотот се спасени (ВИДЕО)

Приватен хеликоптер се урна денес во близина на пристаништето Вулијагмени, јужно од Атина, објавија грчките власти.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации од грчкото Министерство за бродарство, пет лица од леталото се спасени, објавува Катимерини.

Четирите странци и грчкиот пилот се во добра здравствена состојба, се вели во соопштението на министерството.

Хеликоптерот падна во море за време на обид на пилотот да слета на аеродромот „Астерас“ во Вулијагмени.

Според првичните информации, хеликоптерот слетал на хелиодромот на пристаништето и кратко потоа се обидел да полета, меѓутоа, само неколку секунди по полетувањето, одеднаш се урна, од причини кои засега се непознати, објавува порталот „Прототема“.

На местото на настанот владеел хаос, бидејќи областа била полна со капачи и посетители, додека сликите добиени од порталот го бележат моментот на падот и метежот што следел.

На местото на настанот пристигнале крајбрежната стража, противпожарната служба и полицијата, а нуркачите успешно извлекле пет лица од леталото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ