73-годишниот Вајнстин, некогаш една од најмоќните фигури во Холивуд, беше обвинет за силување на млада актерка и напад врз две други жени.
Тој се изјасни за невин и негираше дека некогаш нападнал некого или дека имал сексуална врска без согласност, објави Ројтерс.
Обвинителството во завршната изјава инсистираше дека „доказите покажуваат дека Вајнстин ја користел својата моќ и влијание за да заведува и злоупотребува жени“.
Одбраната возврати дека „наводните жртви лажеле на суд од одмазда откако консензуалните сексуални средби со Вајнстин не резултирале со нови улоги“, објави Танјуг.
Вајнстин има голем број здравствени проблеми и присуствуваше на повторното судење во инвалидска количка.