„На овие избори секој се соочува со прашањето: Во каква земја сакаме да живееме?“, порачува Камала, додека во позадина се слуша песната „Фридом“.
„Постојат луѓе кои мислат дека би требало да бидеме земја на хаос. Страв. Од омраза“, кажува таа додека се редат снимки и фотографии од нејзиниот противкандидат, поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и неговиот кандидат за потпретседател Џ.Д. Венс.
Во рекламниот спот потоа се редат американски знамиња, насмеаната Харис и луѓе кои ѝ скандираат.
Последната реченица се појавува додека на екранот се прикажуваат слики со наслови кои ги содржат зборовите „виновен“, „обвинет“, „осуден“, а кои се однесуваат на Трамп, но има и фотографија на порно глумицата Сторми Дениелс.
I’m Kamala Harris, and I’m running for President of the United States. pic.twitter.com/6qAM32btjj
— Kamala Harris (@KamalaHarris) July 25, 2024






