Дипломати од целиот свет ја напуштија салата во Њујорк, додека приврзаниците на Нетанјаху се обидуваа да го одвлечат вниманието од чинот со силен аплауз и станувајќи за да ги покријат празните седишта.
Лидерите на Генералното собрание на Обединетите нации се обидоа да воспостават ред и мир во салата, но тоа не беше можно.
Delegates walk out in protest as Israeli PM Benjamin Netanyahu – who has an ICC arrest warrant against him for alleged war crimes in Gaza – arrived at the podium to address the #UNGA80 assembly. pic.twitter.com/1oXNP14wPk
— Al Jazeera English (@AJEnglish) September 26, 2025
Нетанјаху изјави дека Израел „мора да ја заврши работата“ против Хамас во Газа.
Почетокот на неговиот говор дојде само неколку моменти откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека, по наредба на канцеларијата на Нетанјаху, говорот на премиерот во ОН беше емитуван на Палестинците во Појасот Газа како дел од „кампањата за влијание“.
Службата за цивилна одбрана на Појасот Газа, непосредно пред говорот на Нетанјаху, објави дека повеќе од 20 лица се убиени во израелските напади низ Појасот Газа.
Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека ѝ наредил на армијата да распореди звучници на камиони само на израелската страна од границата со Газа, без да ги загрози животите на војниците, иако Израелските одбранбени сили соопштија дека поставиле такви звучници и во рамките на Појасот Газа.
Останува нејасно дали ИДФ ги прекршила инструкциите на премиерот со внесување звучници во разурната од војна Газа или пак изјавата од канцеларијата на Нетанјаху содржела лажни информации, пренесува Тајмс оф Израел.
Војската соопшти дека вкупно девет системи за јавно обраќање биле поставени за потребите на „кампања за влијание“, насочена и кон палестинското цивилно население во Појасот Газа и против Хамас.






