сабота, 7 јуни 2025

Хамас: Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 19 лица

Цивилната одбрана во Појасот Газа, управуван од Хамас, денес извести за 19 смртни случаи во израелските воздушни напади врз енклавата, додека Израел продолжува со своите напори да го уништи исламистичкото движење и да ги спаси преостанатите заложници киднапирани пред 20 месеци, пренесува Франс прес.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите тимови пренесоа 19 мртви и неколку десетици ранети по воздушните напади во различни делови на Појасот Газа минатата ноќ и рано утринава“, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната заштита. Тој тврди дека повеќето од жртвите се жени и деца. Израелската армија (ИДФ) во последните денови ја засили офанзивата во Појасот Газа за да го уништи исламистичкото движење Хамас и да ги спаси преостанатите заложници.

Тие заложници беа киднапирани на 7 октомври 2023 година, кога борците на Хамас од Газа се инфилтрираа во Израел и ги нападнаа руралните заедници – кибуци и млади на музички фестивал, предизвикувајќи војна меѓу двете страни. Се претпоставува дека Хамас држи уште 59 заложници, од кои само 24 се живи.

Цивилната одбрана на Газа вчера објави дека најмалку 44 лица, претежно деца и жени, загинале во израелските напади во Газа.

„Ќе ја преземеме контролата врз целата територија“, изјави во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Еден ден претходно, тој рече дека е отворен за договор кој вклучува крај на офанзивата, но под услов Хамас да биде „прогонет“, а територијата да се „разоружи“.

Хамас, кој ја презеде власта во Газа во 2007 година, ги отфрла таквите барања.

Преговорите меѓу двете страни во Доха не постигнуваат напредок, а Израел најави повлекување на своите преговарачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ