„Нема смисла да се впуштаме во преговори или да разгледуваме нови предлози за прекин на огнот додека продолжува војната на глад и војната за истребување во Појасот Газа“, изјави за АФП членот на политичкото биро на Хамас, Басем Наим.
Тој ја повика меѓународната заедница „да изврши притисок врз израелската влада на Бенјамин Нетанјаху да им стави крај на злосторствата на глад, жед и убиства во Појасот Газа“.
Израелската војска синоќа објави дека за нова воена операција во Појасот Газа ќе биде потребно внатрешно раселување на „мнозинството“ Палестинци од територијата.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „вознемирен“ од планот за проширување на воените операции во Појасот Газа.
„Ова неизбежно ќе доведе до безброј дополнителни смртни случаи и дополнително уништување во Газа“, рече портпаролот на ОН, додавајќи дека Појасот Газа е „интегрален дел од идната палестинска држава“.