недела, 7 декември 2025

Хамас бара гаранции од Трамп за договорот за Газа

Главниот преговарач на Хамас, Халил ал-Хаја, изјави дека палестинското движење сака „гаранции“ од американскиот претседател Доналд Трамп и од медијаторите дека војната во Појасот Газа ќе „заврши еднаш засекогаш“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не му веруваме на окупаторот“ (Израел), изјави ал-Хаја за египетскиот медиум Ал-Кахера њуз, обвинувајќи го Израел за кршење на два прекини на огнот за време на војната.

„Израелската окупација никогаш не ги исполнила своите ветувања. Затоа сакаме вистински гаранции од претседателот Трамп и земјите спонзори“, рече главниот преговарач на Хамас.

„Подготвени сме да (работиме на) договор што би довел до крај на војната, повлекување на израелските сили од Газа и размена на заложниците и затворениците“, додаде тој.

Во Египет се во тек индиректни преговори меѓу делегациите на Израел и Хамас за завршување на двегодишната војна во Појасот Газа според договорот што неодамна го предложи Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ