недела, 8 јуни 2025

Хакерски напад на телефонот на шефицата на кабинетот на Белата куќа, некој се претставувал како неа

Едно или повеќе непознати лица пристапиле до личниот мобилен телефон на шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, и го користеле нејзиниот телефонски именик за да контактираат со високи американски функционери и да се претставуваат како неа, потврдија извори за Си-би-ес њуз.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Некои од примателите препознале дека нешто не е во ред бидејќи повиците и пораките доаѓале од непознат број, а лицето кое се претставувало како Вајлс побарало да продолжи комуникацијата на друга платформа – како што е Телеграм, велат изворите. Инцидентот и покренувањето на федерална истрага прв ги објави Волстрит џурнал.

„Белата куќа многу сериозно ја сфаќа сајбер безбедноста на сите вработени и овој случај е сè уште под истрага“, изјави портпаролот на Белата куќа за Си-би-ес њуз, одговарајќи на прашања во врска со инцидентот.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, за Си-би-ес њуз изјави: „ФБИ ги сфаќа сите закани кон претседателот, неговиот персонал и сајбер безбедноста исклучително сериозно; заштитата на способноста на нашите службеници безбедно да комуницираат е од суштинско значење за исполнување на мисијата на претседателот“.

Според изворот, сомнителни пораки се појавиле во поштенските сандачиња на примателите во период кој засега не е точно познат.

Вајлс, според Си-би-ес њуз им соопштила на своите соработници дека нејзиниот телефон бил хакиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ