четврток, 22 јануари 2026

Гувернерот на Калифорнија: Администрацијата на Трамп уништи 80 години сојузништво

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом, од редовите на демократите, денес ја осуди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за уништување на сојузите формирани на крајот од Втората светска војна, во говорот на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не е безначајно да се уништат повеќе од 80 години сојузништво. Потребни се децении и децении за да се изгради довербата, организациите и архитектурата врз кои сè почива. Понекогаш се потребни само неколку недели, твит, часови или минути за да се уништи“, кажа гувернерот на Калифорнија.

„Уништувањето не е сила. Администрацијата на Трамп е слабост маскирана во сила“, нагласи демократскиот политичар кој би можел да биде кандидат за Белата куќа во 2028 година.

Трамп одржа агресивен говор пред Европејците вчера во Давос, а потоа направи спектакуларен пресврт во врска со Гренланд објавувајќи нацрт-договор со НАТО за островот кој го посакува.

Демократскиот гувернер, жесток и редовен критичар на републиканскиот претседател, го спореди Трамп со „инвазивен вид“ во американскиот политички живот.

„Можеме да ја изгубиме нашата Република таква каква што ја знаеме“, предупреди тој. „Нашата земја стана непрепознатлива во период од неколку месеци. Тоа е црвен аларм, трепкачко црвено светло во Соединетите Американски Држави“, оцени тој.

Трамп „намириса слабост како никој друг. Тоа е неговата голема сила, тоа е неговиот талент“, оцени Гевин Њусом и повика на возвраќање на ударот на републиканскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ