понеделник, 15 декември 2025

Гутереш: Она што го обединува нашиот поделен свет е тоа што станува сѐ потопло

Човештвото е жртва на „екстремна топлинска епидемија“, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гутереш повика да се преземат мерки за ограничување на влијанието на топлинските бранови, кои се зголемуваат поради климатските промени.

„Ако има нешто што го обединува нашиот поделен свет, тоа е тоа што станува сѐ пожешко… Милијарди луѓе се соочуваат со епидемија на екстремни горештини, изложени се на сè поубиствени топлински бранови, со температури што надминуваат 50 Целзиусови степени“, изјави Гутереш за новинарите.

Според европската мрежа Коперник, 21, 22 и 24 јули годинава биле најтоплите денови забележани во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ