понеделник, 8 декември 2025

Гутереш го осуди убиството на новинарот на Ал џезира и побара истрага

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го осуди убиството на новинарот на телевизијата Ал џезира во израелскиот воздушен напад на Газа, инсистирајќи на истрага.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Генералниот секретар повикува на независна и објективна истрага на најновите убиства“, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Според податоците на Обединетите нации, најмалку 242 новинари се убиени во Појасот Газа од страна на израелските сили од почетокот на војната.

„Новинарите и медиумските работници мора да бидат почитувани и заштитени. Мора да им биде овозможено својата работа да ја вршат слободно, без страв и без вознемирување“, истакна Дижарик, пренесува Ројтерс.

Ал џезира вчера објави дека пет члена на нејзин новинарски тим, вклучувајќи го истакнатиот известувач Анас ал Шариф (28), се убиени во текот на ножта во израелски воздушен напад во близина на болницата Ал Шифа во градот Газа.

Ал џезира го осуди убиството на членовите на својот новинарски тим, оценувајќи дека тоа е „очајнички обид да се замолчат гласовите кои ја разоткриваат заканувачката окупација и преземањето на Газа“.

Ал Шариф и уште еден дописник, Мохамед Крикех, заедно со снимателите Ибрахим Захер, Мохамед Нуфал и Моамен Алив, се наоѓале во шатор за новинари кај главната капија на болницата кога биле убиени, наведува Ал џезира.

Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) соопшти дека е згрозен од нападот и дека Израел нема никакви докази за да ги поткрепат обвинувањата против Ал Шариф.

Минатиот месец Ал џезира, ОН и ЦПЈ издадоа одвоени соопштенија во кои предупредија дека животот на Ал Шариф е во опасност и повикаа на негова заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ