недела, 21 декември 2025

Грузискиот премиер ја спореди денешна ЕУ со Гебелсовата Германија

Тој ја обвини ЕУ дека продолжува да промовира пропаганда слична на онаа што ја вршеше нацистичка Германија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе остро ги критикуваше западните земји, обвинувајќи ги дека продолжуваат да промовираат пропаганда слична на онаа што ја вршеше нацистичка Германија под Јозеф Гебелс.

„Европа не е панацеја. Господинот Гебелс, кој беше познат по својата пропаганда, исто така ја претставуваше Европа. Срамните лаги и изјави што ги слушаме од европската бирократија се продолжение на пропагандата на Гебелс“, рече Кобахидзе на прес-конференција, објавија грузиските медиуми.

Тој рече и дека Гебелс бил и „дел од Европа“ кога работел во една од најмоќните земји на континентот – Германија – во 1940-тите. Според грузискиот премиер, Европа не смее да дозволи овој вид пропаганда да се врати по осум децении.

Кобахидзе додаде дека молчењето на западните партнери во врска со обидот за насилно соборување на избраната влада или упадот во претседателската палата во Тбилиси претставува индиректна поддршка за овие настани.

„Кога некој молчи за обидот за државен удар, тоа значи дека го одобрува“, заклучи премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ