понеделник, 15 декември 2025

Грушко: НАТО планира конфликт со Русија и создава реална воена закана

Земјите-членки на НАТО планираат како да спроведат воена закана кон Русија и да ја подготват Северноатлантската алијанса за потенцијален конфликт, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Военото јакнење е подредено само на една цел, да се постигне воена супериорност во сите правци, да се создаде реална воена закана за Руската Федерација и всушност да се подготви воената структура на НАТО и Европската Унија за вооружен конфликт со Русија“, изјави Грушко, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

Неговата изјава дојде откако командантот на американските сили во Европа и Африка, воедно и командант на копнените сили на НАТО, Кристофер Донахју, на конференција во Германија изјави дека Алијансата развила оперативен план за неутрализирање на одбранбените капацитети на руските сили во регионот Калининград.

Русија долго време изразува загриженост за она што го нарекува „невидена воена активност на НАТО“ во близина на нејзините западни граници.

Москва предупредува дека Организацијата на Северноатлантскиот договор ги нарекува своите активности „одвраќање на руската агресија“, додека всушност, според Кремљ, тоа предизвикува дестабилизација во регионот.

Официјални лица во Москва, исто така, тврдат дека западните политичари систематски го користат „митот за руската закана“ за да го одвлечат вниманието на јавноста од внатрешните проблеми на нивните земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ