понеделник, 8 декември 2025

Гроси: Иран е подготвен да ги продолжи техничките разговори со МААЕ

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека Иран покажал подготвеност да ги продолжи техничките разговори со нуклеарниот надзорник на ОН, но дека инспекциите на нуклеарните постројки „засега остануваат на чекање“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи во Сингапур, Гроси истакна дека агенцијата му предложила на Иран разговори за „модалитетите за рестартирање или започнување“ на инспекциите, истакнувајќи дека првичните контакти ќе вклучуваат технички детали, а подоцна би можеле да прераснат во политички консултации на повисоко ниво, пренесува Ројтерс.

Иран, според заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, се согласил да прими технички тим на МААЕ во наредните недели, но без пристап до нуклеарните постројки.

Техеран, кој негира дека развива нуклеарно оружје, тврди дека пристапот до нападнатите локации би претставувал безбедносен ризик.

Гроси предупреди дека Агенцијата сè уште нема информации за околу 400 килограми високо збогатен ураниум што ги поседува Иран и ја нагласи итноста од обновување на надзорот.

„Затоа е клучно да се ангажираме што поскоро и да почнеме со инспекции“, рече тој.

МААЕ претходно побара продолжување на својата работа во Иран по израелските и американските напади врз иранските нуклеарни постројки во јуни, со цел да се наруши капацитетот на Техеран за потенцијално производство на нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ