„На 31 август се впуштаме во најголемиот обид за пробивање на нелегалната израелска блокада на Газа, со десетици бродови кои ќе тргнат од Шпанија“, објави 22-годишната девојка на својот профил на Инстаграм.
Тунберг објави дека на 4 септември тие бродови ќе се сретнат со „уште неколку десетици“ од нив кои ќе тргнат од Тунис и други пристаништа, и дека ќе организираат истовремени протести во повеќе од 44 земји.
Во иницијативата наречена Глобална флотила Сумуд, арапски збор за упорност или отпор, ќе учествуваат голем број хуманитарци, лекари и уметници вклучувајќи ја американската актерка Сузан Сарандон, шведскиот актер Густаф Скарсгард и ирскиот актер Лиам Канингем.
Ова е втор обид на млада Швеѓанка да стигне до Газа. Претходниот обид беше спречен на 185 километри западно од Газа од страна на израелската армија кога се качи на едрилицата Мадлен во ноќта меѓу 8 и 9 јуни, и приведе и депортираше 12 активисти од Франција, Германија, Бразил, Турција, Шпанија и Холандија.






