понеделник, 22 декември 2025

Грета Тунберг ги обвини израелските војници за малтретирање: „Ме клоцаа и ме удираа“

Шведската активистка Грета Тунберг ги обвини израелските војници за физички напад врз неа откако беше приведена на брод што се приближуваше кон Газа претходно овој месец. Тунберг беше со флотилата „Глобал Сумуд“, која носеше хуманитарна помош за Газа, а сите патници беа уапсени и приведени од израелската армија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тунберг изјави за шведскиот весник „Афтонбладет“ дека израелските војници „ја удирале и клоцале“ и дека го поставиле израелското знаме врз неа за да ја понижат, објавува Политико.

„Потоа ми ја симнаа шапката, ја фрлија на земја и бесно ја газеа“, рече таа, тврдејќи дека рацете ѝ биле врзани и дека војниците се наредиле да прават селфи со неа додека ги сечеле нејзините работи со ножеви.

Во еден момент, крајно десничарскиот министер Итамар Бен-Гвир се појавил пред групата активисти и извикал:

„Вие сте терористи. Сакате да убивате еврејски бебиња“, опиша Тунберг.

Таа, исто така, рече дека била изолирана во ќелија, која била полна со инсекти.

Израелското Министерство за надворешни работи ги нарече обвинувањата дека била злоставувана „дрски лаги“.

На службениците на шведската амбасада им беа потребни денови за да ги посетат Швеѓаните во израелско заробеништво, рече Тунберг, додавајќи дека не биле премногу заинтересирани за фактот дека тие се злоставувани.

Кога беше прашана за овие тврдења, шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард рече дека активистите „се изложиле на голем ризик“ со учеството во мисијата на флотилата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ