понеделник, 14 јули 2025

Грета Тунберг депортирана од Израел (ВИДЕО)

Шведската климатска активистка Грета Тунберг е депортирана од Израел, со еден од шесте француски активисти, патниците на бродот со хуманитарна помош кој пловеше кон Појасот Газа до киднапирањето во меѓународни води од страна на израелските власти, објави денес францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Еден од нашите сонародници го потпишал израелскиот формулар со кој прифатил депортација без чекање одлука на правосудството. Денес се очекува негово враќање во Франција. Останатите пет го одбиле тоа, а нивната можна депортација ќе се случи по одлука на израелски судија во следните денови“, кажа францускиот министер на маргините на конференцијата за заштита на океаните во Ница.

Министерот не го откри идентитетот на францускиот државјанин кој денес ќе се врати во земјата. На бродот Мадлин кој на 1 јуни исплови од Сицилија патуваа 12 луѓе, меѓу кои активистката Грета Тунберг и француската пратеничка во Европскиот парламент Рима Хасан.

Тунберг и другите активисти биле одведени на аеродромот во Тел Авив пред депортацијата, објави израелското министерство за надворешни работи. Бродот е одведен во израелското пристаниште Ашдод, пренесе Ројтерс.

Целта на бродот Мадлин беше да однесе хуманитарна помош на Палестинците и да ја прекине израелската блокада на палестинската територија на кои им се заканува глад, според Обединетите нации.

Ова беше втор обид на Коалицијата Флотила за слободата да испрати брод во Газа. На почетокот на мај бродот Совест го прекина своето патување кон уништената енклава откако кај територијалните води на Малта го нападнаа два израелски дрона.

Мадлин до Газа се обиде да однесе сокови, млеко, ориз, конзерви и протеини, донации од граѓаните на сицилискиот град Катанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ