среда, 1 април 2026

Гренланд ќе забрани странски донации за политичките партии

Гренланд, над кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја преземе контролата, планира да усвои закон со кој би се забраниле странски донации на политичките партии на таа земја, објави парламентот кој за тој предлог расправаше денес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таквиот закон би овозможил „зачувување на политичкиот интегритет на Гренланд“, се наведува во нацрт законот. Неговото усвојување не би требало да бие проблем со оглед на тоа што власта има мнозинство во парламентот.

Со нацрт законот е предвидено дека „партијата, вклучувајќи ги локалните ограноци и подмладоците, не смее да прима прилози од странски или анонимни донатори. Странски донатори се дефинирани како донатори кои престојуваат или имаат пребивалиште надвор од Гренланд“, се наведува во текстот.

Предлог законот ќе биде итно разгледан уште утре. „Тој мора да се разгледа во контекст на геополитичките интереси и актуелната ситуација, а знаеме дека претставници на сојузничка суперсила изразија интерес за преземање и контрола над Гренланд“.

Уште од првите изјави на Трамп, во кои зборуваше за потребата за преземање на арктичкиот остров, неговите лидери повеќе пати истакнаа дека не е на продажба, но дека неговите власти се отворени за деловни предлози.

Гренланд е територија на Данска со широка автономија. Данските власти поради тоа повеќе пати истакнаа дека Гренланд им припаѓа на своите граѓани.

Тие истакнаа дека имаат поддршка од своите европски партнери кога станува збор за почитување на границите и националниот суверенитет.

Избори на Гренланд треба да се одржат до 6 април, а политичарите се загрижени поради можни странски мешања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ