четврток, 12 јуни 2025

Грција се подготвува за сезоната на пожари: мобилизирани рекорден број пожарникари и дронови

Грција мобилизираше рекордни 18.000 пожарникари оваа година и ја зголеми својата флота на беспилотни летала за да се справи со зголемениот ризик од шумски пожари, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за цивилна заштита, Јоанис Кефалогианис, откри дека илјадници волонтери ќе помогнат во акцијата, бидејќи штетите од пожари „постојано се зголемуваат“ во текот на изминатите две децении, објави АП.

„Оваа година условите ќе бидат особено тешки“, рече Кефалогианис по учеството во вежбата за гаснење пожар јужно од Атина.

Зголемувањето на температурите и намалувањето на врнежите ја отежнаа сезоната на пожари во последните години.

Генералниот директор на грчката противпожарна служба Теодорос Вагиас ја истакна потребата од подобар надзор, подготовка и мобилизирање на ресурсите.

„Климатската криза е тука и ќе остане“, рече Вагиас.

Штетите од пожарите значително се зголемија во последниве години, со повеќе од 1.300 квадратни километри изгорени во 2021 година и 1.745 квадратни километри во 2023 година, приближно три пати повеќе од просекот од 2011 до 2020 година.

Пожарникарите вчера ја тестираа подобрената реакција на Грција на шумските пожари, која сѐ повеќе се потпира на напредни технологии како што се беспилотни летала и мобилни командни центри.

Бројот на пожарникари е зголемен за 20 отсто во последните две години, а флотата на беспилотни летала за надзор на пожари сега има 82 уреди, наспроти 45 минатата година.

Исто така, околу 300 пожарникари од Чешка, Франција, Романија, Молдавија и Бугарија ќе заминат во Грција како дел од програмата за подготвеност и помош за пожари на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ