Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец изјави дека неговата влада е спремна да купи десет американски системи за противвоздушна одбрана кои треба да ги одбранат од руските балистички проектили.
Според воените експерти на порталот Дифенс експрес, во април годинава Украина имала седум целосно оперативни системи „патриот“. Изворот, кој зборувал под услов на анонимност,. Кажал дека Соединетите Американски Држави и Грција се меѓу потенцијалните добавувачи на дополнителни системи.
Два американски извори запознаени со тоа прашање кажале дека неколку системи „патриот“ за Украина одобрил претходниот американски претседател Џо Бајден, и дека актуелниот претседател Доналд Трамп не ја сопрел одлуката.
Атина сега го негира своето учество во планот. „Не станува збор за снабдување на Украина со системи „патриот“ од Грција“, изјави владин функционер за Ројтерс. Одбраната е чувствително прашање за Грција поради долгогодишните спорови со Турција, соседот и сојузник во НАТО.
Атина, која меѓу другото испрати ракети, експлозиви, борбени пешадиски возила и муниција, и минатата година истакна дека не може да ѝ испрати „патриоти“ на Украина. цитирајќи американски функционери, Њујорк тајмс извести дека Вашингтон планира да ѝ испрати еден систем „патриот“ на Украина откако ќе биде поправен во Израел.
Се додава дека сојузниците разговараат за логистиката на Германија или Грција за префрлање уште еден. Зеленски претходно изјави дека со Трамп разговарал за системите за противвоздушна одбрана на состанокот на маргините на погребот на папата Франциско во Ватикан.