понеделник, 6 април 2026

Грција купува израелски ракетен систем ПУЛС вреден 650 милиони евра

Грција ја продолжува модернизацијата на своите оружени сили и го купува израелскиот ракетен артилериски систем ПУЛС, објави денес германската агенција ДПА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот за набавка на системот ПУЛС беше потпишан денес во Атина, објави грчкото Министерство за одбрана.

Според информации од грчките воени кругови, ќе бидат испорачани ракети со дострел од 35 до 300 километри, а пакетот вклучува и наведувани проектили, пишува ДПА.

Детали за вкупната вредност на договорот сè уште не се објавени, но Ројтерс во ноември објави дека Атина сака 36 системи ПУЛС во вредност од 650 милиони евра.

Грција објави дека сака да издвои 28 милијарди евра за модернизација на своите оружени сили до 2036 година, објави тогаш Ројтерс.

Грција и Израел постигнуваат сè поблиска соработка во воениот и одбранбениот сектор, што делумно е резултат на затегнатите односи што двете земји ги имаат со Турција во источниот Медитеран, заклучува ДПА. Двете земји одржуваат заеднички воени вежби и заеднички управуваат со воздушна база за обука на југот на Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ