четврток, 9 април 2026

Грчки и кинески бродови меѓу единаесетте на кои им е дозволен премин низ Ормускиот теснец по прекинот на огнот

Четири ирански, четири грчки и еден кинески брод се меѓу 11-те бродови на кои им е дозволено да поминат низ Ормускиот теснец во последните 24 часа од прекинот на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нивното минување едвај ја ублажува блокадата од двете страни на тесниот премин, каде околу 1.400 бродови и понатаму се закотвени.

Според податоците проверени од Аексес марин, два брода кои се движеле кон исток – оманскиот Лучија и грчкиот Иолкас дестини – добиле дозвола да поминат низ Персискиот залив денес во раните утрински часови, и покрај најавата на Иран дека теснецот е затворен поради загриженост за кршењето на прекинот на огнот.

Друг брод кој премина од запад кон исток во средата не е идентификуван и може да биде дел од таканаречената флота во сенка, пишува Гардијан.

Аиксес соопшти дека е пријавено високо ниво на „лажирање“ и попречување на сигналот, особено меѓу бродовите закотвени во Заливот, при што многумина пријавиле лажни позиции.

Иако теснецот е ефикасно затворен од почетокот на војната, Иран направи отстапки за сојузниците, вклучувајќи ги Кина, Русија, Индија, Ирак и Пакистан, додека на одредени малезиски и тајландски бродови им беше дозволено да поминат по дипломатските разговори во текот на изминатите шест недели.

Иран објави на 2 април дека ќе им дозволи на бродовите што пловат под филипинско знаме да поминат по понатамошните преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ