недела, 14 декември 2025

Грчки демонстранти протестираат против израелски крузери (ВИДЕО)

Полицијата за растурање демонстрации го блокираше просторот околу израелскиот крузер кој пристигна вчера во грчкото пристаниште Пиреја рано наутро за да спречи неколку стотици демонстранти да се приближат до бродот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Протести беа организирани на грчките острови и во пристаништата на грчкото копно по должината на рутата на крузерот „Краун Ајрис“, а неколку од нив доведоа до судири со полицијата.

Синдикатите во Грција и другите земји од Европската Унија се сè погласни во осудата на Израел за безмилосното уништување на Газа и сериозниот недостиг на храна на палестинската територија под израелска блокада.

Во пристаништето Пиреја во близина на Атина, демонстрантите држеа факели и мавтаа со палестински знамиња зад кордон полициски автобуси за растурање демонстрации.

Организаторите на протестот, осврнувајќи се на објавите на интернет на патниците на бродот, изјавија дека меѓу патниците има израелски војници кои не се на должност.

„Тие се непожелни тука и немаат што да бараат“, кажа организаторот на протестот Маркос Бекрис.

„Крвта на невини луѓе е на нивните раце и не треба да ги поздравуваме“, додаде тој.

Многу европски влади станаа покритични кон Израел во последните недели, а неколку синдикати отидоа подалеку изразувајќи поддршка за казнени мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ