Откако Иран го почна контранападот со стотици балистички ракети како одговор на израелските напади од утринава, жителите на Техеран ги следеле ракетните напади на голем екран поставен на централниот плоштад.
Стотици луѓе се собрале на Плоштадот на револуцијата во главниот град за да го прослават ракетниот бараж на Израел.
Носејќи ирански и палестински знамиња и транспарентни на Хезболах, Иранците им се заблагодарувале на оружените сили на Иран.
Државната телевизија објави снимки од прославите и на други плоштади низ земјата.
Iranian people are celebrating. pic.twitter.com/g2R1qCbkx6
— Clash Report (@clashreport) June 13, 2025
Израел го почна својот напад во петокот наутро, гаѓајќи ги иранските нуклеарни централи и други цели и убивајќи го речиси целиот воен врви и водечките нуклеарни научници. Нападите продолжија во текот на денот, а погодени беа Техеран, Натанз, Табриз и Исфахан.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вети жесток одговор, кој почна вечерва.