понеделник, 23 март 2026

Граѓаните на БиХ засилено се вооружуваат, секој десетти жител има легално оружје

Во Босна и Херцеговина, која според последниот попис во 2013 година имала 3,5 милиони жители, секое десетто лице е легално вооружено, но проценките се дека бројот на нелегално оружје е повеќекратно поголем.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што денес објави бањалучкиот весник Независне новине, владиното тело наречено Координативен комитет за контрола на мало и лесно оружје во Босна и Херцеговина во 2025 година собрало податоци кои покажуваат дека повеќе од 370.000 луѓе во таа земја легално поседуваат оружје.

Овие податоци се достапни од евиденцијата на агенциите што спроведуваат дури 12 важечки закони кои го регулираат поседувањето оружје, а од нив произлегува дека во Федерацијата на Босна и Херцеговина таа година биле регистрирани нешто повеќе од 286 илјади парчиња оружје во посед на граѓани, во Република Српска повеќе од 130 илјади, а во округот Брчко само нешто помалку од пет илјади.

Мажите имале 365.679 парчиња оружје, а жените 6.464.

Споредбена анализа на податоците од претходните години покажува дека граѓаните на Босна и Херцеговина засилено се вооружувале. Од 2020 година бројот на регистрирано оружје се зголемил за повеќе од 50.000.

Според анализата на истражувачкиот центар од Швајцарија „Истражување на лесноto оружје“ во 2018 година, граѓаните на БиХ во тоа време покрај легалното поседувале I повеќе од 800 илјади парчиња нерегистрирано оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ