четврток, 5 февруари 2026

Градоначалникот на Њујорк: Едностран напад на суверена држава е чин на војна

Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани го осуди „едностраниот напад“ на Соединетите Американски Држави врз Венецуела, велејќи дека тоа е чин на војна и кршење на сојузното, како и на меѓународното право.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската армија спроведе операција во Каракас во која беше заробен претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој потоа беше однесен во САД и приведен во Њујорк.

„Утрово бев информиран за военото апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, како и за планираното затворање во федерален притвор тука во Њујорк. Едностраниот напад врз суверена држава е чин на војна и кршење на сојузното, како и на меѓународното право“, порача Мамдани вчера на социјалната мрежа Икс.

„Овој отворен обид за промена на режимот не влијае само на оние што се во странство, туку директно влијае и на жителите на Њујорк, вклучувајќи десетици илјади Венецуелци кои го нарекуваат овој град свој дом. Мојот фокус е нивната безбедност и безбедноста на секој жител на Њујорк, а мојата администрација ќе продолжи да ја следи ситуацијата и да издава релевантни упатства“, додаде градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ