„Не се мешам во владините одлуки, но не би го направил тоа и би бил повнимателен“, кажа Јанковиќ, додавајќи дека ќе продолжи да ја поддржува работата на премиерот Роберт Голоб, објавија словенечките медиуми.
Во четвртокот владата на Словенија донесе одлука да му забрани на Додик влез во земјата, а причините не беа објавени.
Додик неодамна беше осуден на шестгодишна забрана за политика, како и условна затворска казна од една година, поради непочитување на одлуките на високиот претставник на Западот за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.
Потоа Државната изборна комисија му го одзеде претседателскиот мандат.
Република Српска, како контрамерка, им забрани влез во тој ентитет на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и на министерката за надворешни работи Тања Фајон.
Јанковиќ изјави дека при следната средба ќе му предложи на Додик да ја поништи таа одлука, а коментираше и за неговиот повик до гласачите во Словенија да гласаат за опозицијата и Јанез Јанша на изборите следната година.
„Секој има право на свое мислење, јас не се мешам во тоа“, додаде Јанковиќ.
Градоначалникот на Љубљана, кој е познат по својата поддршка за Додик и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше и за постапките на високиот претставник на Западот во Босна и Херцеговина.
„Тој е типичен производ на Европската Унија, бирократ, сметководител, кој на крајот покажа кој е посилен. Сега можам да го споредам со судиите на кошаркарскиот натпревар Словенија-Германија. Нема да чуете од мене дека судиите краделе, но доделувањето техничка грешка на првиот играч во втората минута е само порака: „На овој терен јас сум шеф “, заклучи Јанковиќ.






