среда, 10 декември 2025

Градоначалникот на Доњецк: Три деца загинаа во напад на украинските сили

Три деца загинаа во напад во Доњецк, град во источна Украина под контрола на руските сили, изјави градоначалникот Алексеј Кулемзин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По варварскиот ноќен напад на ‘украинските нацисти’ во населбата Петровски во нашиот град, нападната беше една куќа и запалена. Убиени се три деца“, напиша Кулемзин на Телеграм.

Нападот се случи на денот кога почнуваат претседателските избори во Русија, кои се одржуваат до недела. Се очекува победа на актуелниот претседател Владимир Путин поради отсуството на опозицијата.

Гласањето се организира и во четирите украински региони припоени од Русија во 2022 година и делумно контролирани – Запорожје, Херсон, Доњецк и Луганск.

Украинската дипломатија, сепак, повика на отфрлање на резултатите од тие гласања, кои ги опишува како „фарса“.

Нападите од Украина на руска територија се интензивираа како што се приближуваа претседателските избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ