петок, 19 декември 2025

Гори облакодер во Русија, двајца мртви, меѓу кои и двегодишно дете (ВИДЕО)

Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.

Сите расположливи служби за итни случаи излегле на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето што живеат во облакодерот се евакуирани.

Гувернерот на регионот Уљановск им наложил на раководствата на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош за жртвите.

Градските власти соопштија дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца. Некста, канал на Икс, пишува дека жителите од горните катови мавтале со раце и барале помош од спасувачите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ