петок, 3 април 2026

Гори голема рафинерија во Кувајт по ирански напад (ВИДЕО)

Големи пожари избиле во делови од една од најважните рафинерии за нафта во Кувајт по напад денес рано наутро извршен со повеќе беспилотни летала.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени.

Рафинеријата за која станува збор е Мина ал-Ахмади, која се наоѓа во истоименото пристаниште и е меѓу најголемите на Блискиот Исток, со капацитет за преработка од околу 346.000 барели нафта дневно.

Кувајт има вкупно три големи рафинерии, а објектот во Мина ал-Ахмади веќе беше цел на ирански напади со беспилотни летала за време на петнеделниот конфликт.

Кувајската нафтена корпорација објави дека пожарникарите и службите за итни случаи веднаш излегле на терен и работат на гаснење на пожарот, кој зафатил дел од вкупно 39 оперативни единици на рафинеријата, како и на спречување на неговото ширење.

Властите исто така наведуваат дека квалитетот на воздухот во областа постојано се следи и дека засега нема знаци на негативно влијание врз животната средина.

Британија го испраќа противвоздушниот систем „рапид сентри“ во Кувајт по нападот врз рафинеријата за нафта во пристаништето Мина ал-Ахмади.

Одлуката за распоредување на системот е донесена по разговорите меѓу британскиот премиер Кир Стармер и емирот на Кувајт, шеикот Мишал ал-Ахмад ал-Сабах.

„Премиерот го осуди неодговорниот напад со беспилотни летала врз кувајтската рафинерија за нафта во текот на ноќта“, изјави неговиот портпарол.

Тој додаде дека Британија стои зад Кувајт и неговите сојузници во Персискиот Залив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ