недела, 21 декември 2025

Големо невреме во Шпанија, прогласена црвена тревога (ВИДЕО)

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, каде што многу луѓе останаа заробени во своите возила, објавија локалните власти, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Драматични снимки се шират на социјалните мрежи на кои се гледа порој од каллива вода како ги пустоши градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè пред себе. Поради лошите временски услови, шпанската национална метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвена, највисока тревога за крајбрежната покраина. За среќа, досега нема извештаи за смртни случаи или повредени.

Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови. АЕМЕТ предупреди дека дури 180 милиметри дожд би можеле да наврнат во областа за само 12 часа.

„Ситуацијата е комплицирана и се предвидуваа уште дожд“, изјави Кристина Висенте, висок функционер во агенцијата, пренесува весникот Ла Вангуардија. Бурата, исто така, предизвика прекин на железничкиот сообраќај на Медитеранскиот коридор, кој ги поврзува градовите како Барселона и Валенсија, до понатамошно известување.

Во последните денови, обилни дождови и поплави погодија и неколку други региони во југоисточна Шпанија, вклучувајќи ги и Балеарските Острови. Екстремното време е предизвикано од бурата Алис, која се формираше во западниот Медитеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ