сабота, 28 март 2026

Големо невреме во Хрватска: Повеќе од 18.000 луѓе без струја, најлошо во Загреб

Силното невреме кое го погоди Загреб и поголемиот дел од Хрватска предизвика големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оставајќи околу 18.000 корисници без струја, објави Хрватското електростопанство (ХЕП).

Објавено на

часот

Сподели

Најмногу прекини се регистрирани во областа на северозападна Хрватска, вклучувајќи го Загреб и околината, хрватското Загорје и областа на Вараждин.

Проблемот е присутен и во делови од централна Хрватска, особено во Карловачката и Сисачко-Мославинската жупанија, како и во Горски Котар и делови од Лика и Приморје.

Главна причина за прекините се паѓање дрвја и гранки на далноводите, обилниот снег што ги оптоварува водовите и силните ветрови што соборуваат столбови и дополнително ја оштетуваат мрежата.

Се очекува дека дел од прекините да бидат решени до утре.

Поправките се дополнително комплицирани од непристапниот терен, снегот и водата, поради што екипите на некои локации не можат веднаш да пристапат до дефектите.

Сите расположливи екипи се на терен и работат на отстранување на дефектите и враќање на снабдувањето, соопшти ХЕП, повикувајќи ги граѓаните на трпение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ