„Инцидентот се случил кога сајбер криминалец нападнал центар за повици и пристапил до платформа за услуги на корисници од трета страна. Нема никакво влијание врз работењето или безбедноста на авиокомпанијата“, се вели во соопштението на Квантас.
Австралиската компанија соопшти дека околу шест милиони клиенти имаат записи за услуги на платформата од трета страна, каде што Квантас забележа „невообичаена активност“ во понеделникот.
„Продолжуваме да го истражуваме обемот на податоците што се украдени, но очекуваме дека износот ќе биде значителен. Првичната анализа потврди дека податоците вклучуваат имиња на клиенти, адреси на електронска пошта, телефонски броеви, датуми на раѓање и броеви за членство во програмата за лојалност“, соопшти Квантас.
Компанијата нагласи дека „податоците за кредитни картички, лични финансиски податоци и податоци за пасоши не се зачувани во овој систем. „Ниту една сметка во програмата „Често летање“ не беше компромитирана, криминалците не добија лозинки, ПИН броеви или информации за најавување“, се вели во соопштението, заедно со извинување до корисниците.
Извршната директорка на „Квантас груп“, Ванеса Хадсон, изјави дека компанијата „тесно соработува со австралиски експерти за сајбер безбедност од владини агенции“.






