недела, 14 декември 2025

Голем украински напад со дронови на Москва, небото е затворено (ВИДЕО)

Руската престолнина Москва вечерва е нападната со украински беспилотни летала.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека противвоздушните сили собориле вкупно девет летала, а подоцна уште две. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на пристапот кон градот, а според првите информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или значителна материјална штета.

Повеќе од 35 летови на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково биле откажани и одложени поради нападот со украински беспилотни летала. Работата на аеродромот Шереметјево била привремено прекината.

„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беа одложени, а уште еден беше откажан во Шереметјево. Девет одложувања и две откажувања беа регистрирани во Домодедово, а четири лета беа одложени во Внуково“, објавуваат руските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат патнички авиони како летаат ниско над зградите во Москва.

Руските медиуми наведуваат дека по нападот тајната служба на ФСБ и Истражниот комитет ќе спроведат истрага и дека се очекуваат кривични постапки за тероризам.

Оперативните служби на терен ги проверуваат остатоците од дроновите и проверуваат дали предизвикале дополнителна штета, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ