недела, 14 декември 2025

Голем украински напад на руско тло, пресретнати над 200 беспилотни летала (ВИДЕО)

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен во текот на ноќта во неколку региони низ Русија, а цел беа Москва и Санкт Петербург, објавија утрово руските власти и медиумите. Според првичните извештаи, нападите предизвикале пожари на брод во пристаништето Приморск и во објектот на Лукоил во Смоленск, објави Киев индепендент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија денес соопшти дека ноќва соборила 221 украинско беспилотно летало во еден од најтешките напади на украинската војска во три и полгодишната руска агресија врз Украина.

Нападот се случи во пресрет на почетокот на големите руско-белоруски воени вежби што се одржуваат во близина на Минск.

Од беспилотните летала што воздушната одбрана ги „пресретна и собори“ девет биле во Московскиот регион и 28 во регионот на Санкт Петербург, вториот по големина град во земјата, соопшти Министерството за одбрана преку Телеграм.

Во северозападниот регион на Санкт Петербург, далеку од фронтот и блиску до балтичките земји и Финска, во нападот се запалил брод во пристаништето Приморск на Балтичко Море, изјави гувернерот Александар Дрозденко.

Гувернерот преку Телеграм додаде дека пожарот е локализиран и дека нема ризик од излевање нафта.

Додека руската војска секојдневно ја бомбардира Украина откако ја нападна земјата во февруари 2022 година, Киев, од своја страна, испраќа беспилотни летала кон Русија ноќе.

Украинската војска во последните недели ги концентрираше своите напади врз нафтената инфраструктура, клучен сектор на руската економија што Западот сака да го санкционира.

Нападите беа во голема мера ограничени на неколку десетици беспилотни летала, значително помалку од над 200-те пресретнати ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Масовниот напад со беспилотни летала на Украина се случи два дена откако руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на Полска, членка на НАТО, предизвикувајќи тревога кај нејзините европски сојузници.

Полска, Литванија и Латвија, исто така членки на НАТО и соседи на Белорусија, ја засилија својата безбедност и го ограничија воздушниот сообраќај пред почетокот на заедничките руско-белоруски воени вежби во близина на Минск денес.

Воените вежби се нарекуваат „Запад-2025“, што се однесува на фактот дека се одржуваат на запад од руско-белорускиот сојуз. Тие се првите вежби откако започна конфликтот во Украина во февруари 2022 година. Во вежбите од 2021 година беа мобилизирани околу 200.000 руски војници месеци пред Русија да ја започне својата инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ