петок, 9 јануари 2026

Голем пожар на складишта на пазар во главниот град на Албанија (ВИДЕО)

Голем пожар зафати вечерва магацини на еден пазар со разновидна стока во Тирана, главниот град на Албанија, објави агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На терен се ангажирани голем број противпожарни екипи за да го изгаснат пожарот кој зафати голема површина од магацински простори каде што имало облека и други запаливи материјали.

Според прелиминарните информации од надлежните служби, нема извештаи за загинати или повредени лица, но е предизвикана голема материјална штета.

Причината за пожарот засега е непозната, а се очекува официјално соопштение од надлежните органи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ