четврток, 18 декември 2025

Голем напад на Хутите во Црвеното Море: „Бевме насочени кон американски воени бродови“

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа бродот Пропел форчн во Аденскиот залив, изјави Јахја Сареа, воениот портпарол на групата во телевизиски говор утринава. Хутите од ноември напаѓаат бродови во Црвеното Море во, како што велат, кампања на солидарност со палестинскиот народ под опсада во Појасот Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот Сареа денеска соопшти дека целеле „повеќе американски воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со 37 беспилотни летала“.

Бродови и авиони на американската морнарица утринава соборија 15 беспилотни летала на јеменските Хути во регионот на Црвеното Море, соопшти американската Централна команда (Центком). „Војската одговори на големата офанзива на Хутите започната во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, се вели во соопштението на Центком на платформата Икс.

Беспилотните летала „се непосредна закана за трговските бродови, американската морнарица и бродовите на коалицијата во регионот“, се вели во соопштението. Сареа рече дека ќе продолжи со нападите „додека не престане агресијата и не се укине опсадата на палестинскиот народ во Појасот Газа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ