недела, 14 декември 2025

Голем напад на Хамас на израелските сили во Газа (ВИДЕО)

Израелската војска соопшти денес дека убила околу десет борци на Хамас во Појасот Газа, одбивајќи напад од вооруженото крило на палестинското исламистичко движење, за кои кажа дека убиле голем број израелски војници, без да прецизира точно колку.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според израелските медиуми, тоа бил најголем напад врз израелските сили во Појасот Газа од почетокот на војната предизвикана од упадот во Израел од страна на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Денес околу 9:00 часот по локално време, повеќе од 15 терористи излегоа од неколку отвори на тунели во близина на позицијата на 90-от баталјон во Хан Јунис“, јужниот дел од Појасот Газа, објави израелската војска.

„Напаѓачите извршија комбиниран напад користејќи огнено оружје и противтенковски ракети против позицијата. Неколку од нив кои се обидоа да се инфилтрираат во позицијата беа елиминирани во борба гради в гради и со поддршка на воздушни напади“, се додава во соопштението.

„Еден војник е сериозно повреден, а двајца други се здобиле со полесни повреди во инцидентот“, соопшти израелската војска, додавајќи дека вкупно убила 10 терористи и објави видео од своите воздушни напади.

Осум други напаѓачи успеале да се повлечат во тунелот.

„Инцидентот сè уште трае, а силите продолжуваат со операциите за нивно лоцирање и елиминирање“, додаде армијата.

Според Дорон Кадох, новинар за Израелското воено радио, тоа бил „исклучителен“ напад од почетокот на војната.

Цел на нападот било киднапирање на војници, додека на маса е договор меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците киднапирани на 7 октомври и прекин на огнот на палестинската територија, објави израелскиот Канал 12.

Бригадите Езедин ал Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија дека го извршиле „најголемиот напад врз израелската армија во Појасот Газа“.

„Утрово, борците на ал Касам започнаа напад врз нововоспоставена непријателска позиција југоисточно од Хан Јунис“, се вели во соопштението.

„Со поддршка од минофрлачи, борците ја нападнаа локацијата и со тенкови нападнаа неколку куќи каде што окупаторите (израелските војници) се закопале“, соопшти вооруженото крило на Хамас, додавајќи дека го убиле „командантот на тенкот“.

Хамас соопшти дека еден од неговите борци „се разнел меѓу израелските војници“, без да прецизира колку луѓе се убиени.

Неименуван портпарол на израелската армија негираше дека имало самоубиствен напад и обид за киднапирање на војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ