недела, 7 декември 2025

Годишнина од уривањето на стреата во Нови Сад, сè уште нема судска постапка

На денешен ден пред една година, во Нови Сад при рушење на стреа на реновираната железничка станица загинаа 16 лица, една девојка беше тешко повредена, но и покрај тоа што времето поминува, кривична одговорност за тој настан сè уште не е утврдена.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Стреата на железничка станица во тој град во Србија се урна на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот, при што загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца – на возраст од 6, 10, 16 и 17 години и сериозно беа повредени три лица.

Веднаш по уривањето на стреата, Српската железничка инфраструктура прво објави дека таа не е реконструирана, потоа тогашниот премиер на Србија, Милош Вучевиќ, го повтори тоа кога дојде да го посети местото на несреќата со министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

„Неверојатно е што 60 години таа стреа не е реновирана. Дури и кога целата станица била реконструирана, стреата не е. Некој ќе мора да објасни зошто“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ истата вечер во порака до јавноста што ја емитуваше Радио-телевизија Србија.

Веќе на 1 ноември вечерта активистите на студентската организација СТАВ (Студенти против авторитарната власт) организираа палење свеќи за жртвите на Плоштадот на слободата.

Од следниот ден граѓаните и опозициските активисти започнуваат да организираат собири, барајќи одговорност од надлежните.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, поднесе оставка на 5 ноември, наведувајќи дека ја поднесува оставката „од морални причини“ бидејќи несреќата се случила во одделот што го раководи.

По него на 20 ноември замина и министерот за трговија Томислав Момировиќ, кој беше претходник на Весиќ во ресорот за градежништво и за време на чиј мандат се изведуваа работите на железничката станица во Нови Сад.

Апсења, по налог на Обвинителството за организиран криминал, во чија истрага беа опфатени 15 лица, меѓу кои и Томислав Момировиќ, беа извршени на 1 август оваа година.

Во моментов три постапки се во фаза на истрага и сѐ уште не е потврдена ниту една обвинителна пријава, па не е започнат судскиот процес.

Покрај таа постапка, за потенцијална корупција за време на модернизацијата на пругата до границата со Унгарија, уште по една истрага за падот на стреата се водат во Нови Сад и Белград.

Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград поднесе обвинение против тројца осомничени вклучени во истрагата на Обвинителството во Нови Сад, но за дела со „елементи на корупција“.

Проценките на неколку експерти, вклучувајќи ги и членовите на Анкетната комисија, беа дека постапката во Белград всушност претставува обид за попречување на постапката во Нови Сад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ