сабота, 7 јуни 2025

Гладни луѓе упаднаа во магацин на ОН во Газа: двајца мртви, неколку повредени (ВИДЕО)

Светската програма за храна (ВФП) денес соопшти дека „толпа гладни луѓе“ упаднале во магацин за храна на Обединетите нации (ОН) во централна Газа.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тие додадоа дека во таа прилика загинале две лица, а неколку биле повредени.

„На Газа ѝ е потребно итно зголемување на помошта во храна. Ова е единствениот начин да се погрижиме луѓето да не гладуваат“, се вели во соопштението на Светската програма за храна.

Видеото, за кое Ројтерс утврди дека е автентично, прикажува огромен број луѓе како се пробиваат во магацинот и вадат кеси и кутии додека се слушаат истрели.

Не е јасно како луѓето загинале или се повредиле во инцидентот.

Под зголемен меѓународен притисок, Израел пред 10 дена ја прекина блокадата на хуманитарната помош за Газа, која траеше 11 недели.

Ограничена количина на помош е дозволено да се доставува преку два канали – Обединетите нации или Хуманитарната фондација Газа, поддржана од САД.

Пратеничката на ОН за Блискиот Исток, Сигрид Кааг, пред Советот за безбедност изјави дека количината на помош што Израел досега ѝ дозволил на ОН да ја достави е „споредлива со чамец за спасување откако брод ќе потоне“, кога сите во Газа се соочуваат со ризик од глад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ