вторник, 10 јуни 2025

Ѓукановиќ: Состојбата на Балканот е многу полоша отколку пред 10 години. Се плашам

Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во Сараево оцени дека ситуацијата на Западен Балкан денес е полоша отколку што била пред десет години, а европската перспектива на регионот ја опиша како „замаглена“, а особено предупреди на опасноста од влијанието на „големосрпскиот национализам“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ѓукановиќ беше во посета како предавач на Сараевскиот факултет за политички науки (ФПН), каде што им изјави на новинарите дека одговорноста за слабеењето на европските процеси и влијание во регионот ја сносат Европската Унија, како и земјите од Западен Балкан.

За ЕУ тој кажа дека му се чини дека нема доволно решителност за продолжување на процесот на обединување на европскиот континент, додека потенцијалните членки го сносат својот дел од одговорноста бидејќи бавно ги спроведуваат реформите што се бараат од нив. Сè е искомплицирано од влошувањето на геополитичките односи, вели Ѓукановиќ

„Долго време имавме привилегија да имаме стабилни геополитички односи уште од крајот на Студената војна, а сега сме сведоци на раѓањето на нов геополитички поредок со многу контроверзии. Се плашам дека ова ќе има многу негативни влијанија врз регионот на Западен Балкан“, рече поранешниот црногорски лидер кој, по долгогодишно управување со земјата, мораше да се повлече во 2023 година кога беше поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ како кандидат поддржан од просрпските партии.

Ѓукановиќ во Сараево изјави дека застојот во процесот на европска интеграција предизвикал и влошување на односите меѓу земјите од регионот, и посочува дека национализмот што го промовира Белград игра важна улога во тоа.

„Кога немаме добра динамика на европскиот пат, тогаш се појавуваат национализми кои ги уништуваат добрососедските односи. Црна Гора е повеќе од кога било погодена од влијанијата на големосрпскиот национализам, па затоа добрососедските односи, вклучително и односите со Босна и Херцеговина и Хрватска, се влошија како резултат на тоа. Се надевам дека ова нема да има никакви сериозни и долгорочни последици“, рече Ѓукановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ